Thursday, May 19, 2011

Кратка биографија


Роден на 10 април 1973 година во Делчево, господинот Тони Трајановски основно и средно образование има завршено во Делчево, а високо образование односно Технолошко-металуршки факултет во Скопје.
 Во досегашната негова работна и политичка кариера Господинот Тони Трајановски, во периодот од 2004-2006година бил управител на приватна фирма, 2005-2009 година советник во Советот на општина Делчево, а од 2009година и претседател на Советот на општина Делчево. Политичката кариера ја започнува како член на ВМРО-ДПМНЕ и член на Ц.К. на У.М.С.Во 2002 година е назначен  за претседател на М.К.Милково Брдо, а во 2004година потпретседател на О.К. ВМРО-ДПМНЕ Делчево. Понатаму во 2006година е промовиран како претседател во Општински Изборен Штаб на ВМРО-ДПМНЕ за Делчево. Во моментот господинот Тони Трајановски е управник  во Македонски пошти Р.Е.Делчево.
Потекнува од работничко семејство, а самиот тој е познат како добар татко и сопруг, чесен и искрен сограѓанин, добар сосед, одличен колега како и успешен раководител.